Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јануари 2022
година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 14.9 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 4.4 %.
Во јануари 2022 година, во споредба со јануари 2021 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени
средства во земјоделството) изнесува 115.1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во
земјоделството) изнесува 110.6.
Во делот аутпут, во јануари 2022 година, во споредба со јануари 2021 година, индексот на цените на растителното
производство изнесува 104.7, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 103.5.
Извор: Државен завод за статистика