Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2021 година, живородени се 5 015 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е зголемен за 12.4 %.
Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2021 година е 7 186, од кои 34 се умрени новороденчиња и бележи намалување од 23.9 % во споредба со истото тримесечје од 2020 година.
Природниот прираст е -2 171, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 3.5 % во споредба со истиот период во 2020 година, односно склучени се 2 707 бракови.
За ова тримесечје се добиени 499 извештаи за разведените бракови, што претставува намалување за 5.3 % во споредба со истото тримесечје во 2020 година.
Извор: Државен завод за статистика