spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Раззелени булеварот Гоце Делчев кај МРТВ

Град Скопје: Раззелени булеварот Гоце Делчев кај МРТВ

Со засадување на дрворед од 58 висококвалитетни садници покрај булеварот Гоце Делчев денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, симболично ја почнаа пролетната сезона на садење за оваа година.

– Висококвалитетни дрва го формираат новиот дрворед на булеварот Гоце Делчев каде што во изминатиов период го обновивме нискостеблестото зеленило не само во средишната жардиниера, туку и страничното на површина од над 9.100 квадратни метри. Вие знаете дека во изминатиот период сериозно работевме на подобрување на квалитетот на зеленилото во градот, само високостеблести дрвја во периодов имаме засадено околу 18 илјади. Во изминативе три години обновивме над 260 квадратни метри зеленило, и минатата година го срушивме рекордот со изградба на преку 100. 000 квадратни метри на нови и обновени зелени површини. Во исто време паралелно на повеќе локации низ нашиот град се врши обновување на постојното зеленило, а се формира зеленило и на новите четири булевари – рече Шилегов.

Тој додаде дека на општо задоволство Скопје чекор по чекор се претвора во зелена престолнина каква што скопјани заслужуваат, односно со високи европски стандарди на уредување на зеленилото коешто е под ингеренции на Градот.

На овој зелен коридор, од двете страни на коловозот и во средишното зеленило на булеварот Гоце Делчев, годинава ќе се засадат вкупно 571 садници, од кои зимзелени се 75, листопадни 28, а 468 садници грмушки.

Изминатата 2020 година на овој потег се засадени вкупно 1013 садници, односно 150 зимзелени, 28 листопадни, и 835 садници грмушки и перени.

Извор: Град Скопје

Прочитајте