spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Спогодба за соработка со Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча

АПЈ: Спогодба за соработка со Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, проф. д-р Илбер Села, заедно со неговите соработници, оствари службена посета на Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча, каде што беше пречекан од страна на ректорот проф. д-р Димитри Бело и неговите соработници, како и од другите педагози на Педагошкиот и филолошки факултет, во рамките на овој универзитет. За време на оваа посета се разменија идеи и мислења за соработка од областа на јазикот, како и за многу други прашања од заеднички интерес.

 

По тој повод, двајцата предводници на овие институции потпишаа договор за соработка, којашто предвидува заеднички проекти од областа на лингвистиката, учество на научни конференции, заемна поддршка за разни активности при соработката и др.

 

 

Пред присутните, презентацијата за АПЈ, од нејзиното основање па сè до денес, ја направи државниот советник за превод, Неби Биљали.

 

Во рамките на оваа посета, исто така, се презентираше и книгата „Албанскиот јазик пред и по усвојувањето на Законот за употреба на јазиците“, издадена од АПЈ, за којашто зборуваше професорот при Универзитетот во Тетово, проф. д-р Јусуф Зејнели. По тој повод, од предводниците и од педагозите на овој универзитет се поставуваа прашања во врска со некои проблеми, при што се разви плодна дискусија.

 

 

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните 

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....