spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниШтип: Донесена одлука од областа на социјалната, детската и здравствената заштита

Штип: Донесена одлука од областа на социјалната, детската и здравствената заштита

На седница на Совет на Општина Штип, а согласно Програмата за активностите на Општина Штип од областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2022 година, донесуваме одлука со која ќе го обезбедиме правото на партиципација, преку покривање на трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, или поточно за деца со попреченост и тоа согласно следнава категоризација:

– пречки во телесниот развој

– интелектуална попреченост

– најтешки облици на хронични заболувања со присутни оштетувања и лимитирани активности,

– оштетен вид

– оштетен слух

– потполно отсуство на говорот, тешко оштетен говор, лице со изгубен или оштетен порано стекната говор,

– аутизам,

– повеќе видови попречености

и за

– деца со ретки болести

Општината активно ќе се заложи за сите категории граѓани, а денешната одлука е само мал дел од она што ќе го реализираме во наредниот период.

 

 

 

Извор: Општина Штип

Прочитајте