spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Координирана акција со ЈП Лајка за заловување на кучиња скитници

Кисела Вода: Координирана акција со ЈП Лајка за заловување на кучиња скитници

 

Повеќе бездомни кучиња беа заловени од неколку фреквентни локации во општина Кисела Вода од страна на ЈП “Лајка”. По пријави од повеќе граѓани, во координација со Општина Кисела Вода, заловувачкиот тим на ова претпријатие делуваше на ул. “Димитрија Чуповски”, ул. “Малешевска”, ул. “Борис Трајковски”, населба Пинтија, ул. “Димо Хаџи Димов”, ул.” Христо Татарчев” и ул. “Антон Димитров”.

Кучињата моментално се згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка, каде веќе им се направени првите потребни испитувања. По истекот на целиот хуман третман, ќе бидат објавени на социјални медиуми и официјална веб страна за вдомување.

Вчерашната, е во рамки на пролетната акција на јавните градски претпријатија на територија на општина Кисела Вода, која трае до крај на седмицава. Но, добрата соработка на Општина Кисела Вода со ЈП Лајка, секако продолжува и по завршувањето на оваа акција. Хуманиот третман на уличните и напуштените кучиња, намалувањето на популацијата на бездомни кучиња, вдомување и градење култура за вдомување, обезбедување на донации за нивна нега, и понатаму ќе останат да бидат високо на листата на делување на двете институции, за што, се надеваме, ќе ја имаме соработката и поддршката од  сите наши жители.

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...