spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаксимално користење на ИПА средствата за реалните потреби на граѓаните

Максимално користење на ИПА средствата за реалните потреби на граѓаните

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ одржа координативен состанок за претпристапните ИПА фондови со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на кој разговараа за актуелните активности од Интервентен план за инвестиции и за следните чекори и приоритети кои произлегуваат од првата фаза на Национална стратегија за развој 2021 – 2041 година.

– Искористувањето на ИПА финансиските средствата мора да биде за реалните потреби на граѓаните, затоа и координирано пристапуваме во планирањето и креирањето проекти кои ќе се темелат врз приоритетите на Националната стратегија, а истовремено ќе се во кохезија со европските политики, рече вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерите Маричиќ и Битиќи посочија дека, без разлика на кризата што се случува насекаде низ светот, не се откажуваме од она што е приоритет за Владата, а тоа е спроведување на реформската агенда, регионалниот развој и создавање услови за нови инвестиции, со цел напредок во евроинтеграцискиот процес и постигнување на европските стандарди и вредности дома, за нашите граѓани.

Во рамки на средбата вицепремиерите ги договорија следните активности во делот на проекти од Европскиот и инвестициски план како приоритетни за финансирање преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, со фокус на зелената агенда на Република Северна Македонија, особено преку инвестициите во обновливите извори за енергија и управувањето со отпадот.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...