spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСредба на вицепремиерот за европски прашања Маричиќ со пратеникот во Собранието, Реџепи

Средба на вицепремиерот за европски прашања Маричиќ со пратеникот во Собранието, Реџепи

Во просториите на Секретаријат за европски прашања, Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, оствари средба со пратеникот во Собранието на Северна Македонија, Кастриот Реџепи.

На состанокот разговараа за актуелните теми поврзани со нашата европска интеграција, за важноста на конструктивната работа на Собранието, како и улогата и придонесот на пратениците кон реализацијата на стратешките цели на државата и европската реформаска агенда.

-Сето она што досега го постигнавме со зајакнувањето на демократијата, но и севкупната ефикасност на државата, меѓу другото е со поддршката на пратениците. Нивниот глас за сетот пакет мерки овозможи нашата земја да покаже успешно менаџирање на сегашната глобална криза, но и исклучителна отпорност на тешките последици од пандемијата, рече вицепремиерот Маричиќ на сребата.

Соговорниците, Маричиќ и Реџепи, на крајот на состанокот ја потврдија заедничката заложба за продолжување и зајакнување на реформскиот и европскиот курс на земјата, за обезбедување сигурна и безбедна иднина на сите граѓани.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...