spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВицепремиерот Маричиќ на Заедничкиот мониторинг комитет со Европската комисија

Вицепремиерот Маричиќ на Заедничкиот мониторинг комитет со Европската комисија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и Национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ ко-претседатеваше со Заедничкиот мониторинг комитет за ИПА, кое е највисоко тело во рамките на користењето на ИПА фондовите, заедно Микела Матуела, Раководител на одделение при Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија. На истиот учествуваат и претставници на: Европската Комисија, Шефот на Делегацијата на Европска Унија во земјава Дејвид Гир, ИПА структурата, донатори и граѓански организации. За прв пат оваа година на состанокот беа присутни и претставници од земјите членки на Европската Унија.

– За успешно искористување на средствата потребен е квалитетен процес на програмирање, односно да се дефинираат приоритетите и проектите, на што сме целосно посветени, со цел да максимална искористеност на ИПА програмата и реализација која значително ќе го подобри стандардот на граѓаните, но и ќе дава придонес во приближувањето на институциите, на државата и воопшто на земјата кон стандардите на ЕУ, рече вицепремиерот Маричиќ.

Во таа насока Националниот ИПА координатор Маричиќ додаде дека ИПАРД II програмата претставува историски успех бидејќи расположливите средства ќе бидат целосно искористени со што ќе се постави основа за зголемување на буџетот во рамките на ИПАРД III Програмата.

Посебен фокус на состанокот беше ставен и на потребата од градење на институционалните капацитети на ИПА структурата, преку активности во рамките на Центарот за обука на Сeкретаријатот за европски прашања. Покрај генералното спроведување на ИПА, административните капацитети за спроведување на ИПА во рамките на индиректниот систем, спроведувањето на големите инфраструктурни проекти во секторите транспорт и животна средина, на состанокот се дискутираше и за проекти во областа на образование, вработување, земјоделство, владеење на правото, демократија и владеење итн. Целта на овој форум е да се направи преглед на спроведувањето на ИПА, кој се одржува еднаш годишно.

Состанокот на Комитетот се одржа онлајн поради ситуацијата со пандемијата предизвикана од Ковид-19. На состанокот беа усвоени заеднички заклучоци кои ќе придонесат кон решавање на утврдените слабости на системот. Секретаријатот за европски прашања, како и Националниот ИПА координатор, редовно ќе го следат исполнувањето на овие заклучоци и препораки.

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...