spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Со инспекциските контроли за наплата на данок на имот утврдени...

Град Скопје: Со инспекциските контроли за наплата на данок на имот утврдени стотици непријавени имоти

Екипи на Инспекторатот на Град Скопје од Одделението за даночна инспекција и инспекција за наплата на комунални и други такси, продолжуваат со засилените контроли.

Инспекторите за даночна инспекција започнаа контрола кај деловни субјекти во ТЦ Беверли Хилс, по доставена преставка од граѓани, дека дел од субјектите го немаат пријавено или дека не добиваат решенија за данокот на имот, помшто е утврдено дека над 100 субјекти го немаат пријавено имотот.

Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел зголемување на наплатата на комуналните и другите такси со цел обезбедување праведност и правичност во оданочувањето за сите обврзници подеднакво.

Во однос на наплатата на данокот на имот, Инспекторатот апелира сите правни и физички лица кои сеуште не го пријавиле својот имот тоа да го сторат во најкраток можен рок со цел да избегнат камати, глоби и дополнителни трошоци.

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...