ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка организираше завршна конференција насловена „Образование на возрасни помеѓу теоријата и праксата – ЕПАЛЕ практичен водич низ предизвиците.“
Настанот се одржа во х. Милениум, Битола, на 30.03.2022 година. За време на настанот беа презентирани презентирани резултати од претходните активности во ЕПАЛЕ, а своите искуства ги споделија и двете ЕПАЛЕ амбасадорки, Фатма Бајрам Аземовска и Невенка Лонгурова Гирова. Исто така, беше најавено спроведување на нов циклус на ЕПАЛЕ кој ќе трае до крајот на 2024 година. Во овој период, наш фокус ќе биде развојот на ВЕШТИНИ на локално, нацинално и интернационално ниво.
Им благодариме на нивната соработка и на големиот ентузијазам и посветеност во работата во областа на образованието на возрасните и промоцијата на ЕПАЛЕ, со што во голема мера придонесоа за успешна реализација на ЕПАЛЕ во нашата земја.
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност