spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Сали - Крводарителството е најголем чин на Алтруизам

МЗ: Сали – Крводарителството е најголем чин на Алтруизам

Дарувањето крв е највисок чин на алтруизам и тоа е чест само на здравите луѓе. Го организираме крводарувањето во пресрет на 7 Април – Светски ден на здравјето и пред почетокот на Светиот месец–Рамазан. Посакувам сите да имаме здравје и да имаме можност за крводарување, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали, кој даруваше крв во рамки на крводарителската акција во просториите на Чифте Амам во Старата скопска чаршија.

Тој посочи дека Институтот за трансфузиологија редовно ги реализира своите цели и ги пофали како институција која е добро организирана и секоја година се надминува себеси.

– Во текот на Ковид-пандемијата, тежок период од две години, како во светот, така и кај нас, Институтот ги реализираше своите поставени цели за собирање доволни количества крв обезбедени за потребите на нашите институции, рече Сали, потенцирајќи дека минатата година Институтот ја надмината целта за прибирање 52 илјади крвни единици за околу илјада единици, собирајќи 53.133 единици.

Тој им се заблагодари на двајцата директори на Институтот кои, како што посочи, напорно работат за реализација на акцијата заедно со нивните екипи и со Црвениот крст, кој е близок партнер на Институтот за трансфузиологија.

Директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Садула Усеини рече дека крводарувањето е привилегија на здравиот човек и ги повика граѓаните да даруваат крв во просториите на Институтот.

– Овие две години за време на пандемијата со нашите партнери и Црвениот крст успеавме да го одржуваме крводарувањето на задоволително ниво. Тоа значи дека за разлика од многу земји со најразвиено крводарителство кои имаа недостиг на крвни единици, тоа не беше случај во нашата држава. Сите институции на некој начин придонесоа овие две години воопшто да не се почувствува дека имаме недостиг на крвни продукти, потенцира Усеини.

Тој им се заблагодари на вработените во Институтот, кои овие две години успеале да воведат дисциплина која им овозможила да се заштитат себеси и крводарителите.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...