Користете ги даночните услуги на „Мобилните даночни шалтери“. Со четири специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде Управата нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното населиние и бизниси.
Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и сл., како и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата за јавни приходи.
Прочитајте и погледнете:??
Извор: Управа за јавни приходи