На ден 29ти март 2022 година, во просториите на Државната Комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), беше направена официјална посета од група од пет државни службеници од Босна и Херцеговина кои се дел oд проектот „Млади професионалци“ финансиран од ЕУ.
Посетата на ДКСК беше во организација на Секретаријатот за европски прашања, а во соработка со Британскиот совет. Секретаријатот за европски прашања, како домаќин, направи напори да обезбеди состаноци во сите релевантни државни институции, при што ДКСК со задоволство ја прифати поканата да ги прими претставниците од Босна и Херцеговина.
Темата од интерес за оваа студиска посета е: “Conflict of interest and discriminatory treatment as part of the problem of integrity in public procurement”, во рамки на која ќе се презентираат постигнувањата и искуствата на РС Македонија во овој домен.
Во рамки на одржаната посета, претставниците од Босна и Херцеговина беа примени од претседателката на ДКСК, г-ѓа Билјана Ивановска. Дополнително, беа запознаени со надлежноситте на ДКСК, со посебно внимание упатено на темите за судир на интереси, механизмите за борбата против корупцијата и интегритетот во процесот на јавните набавки, гледано од аспект на борбата против корупцијата. Високи раководни службеници од ДКСК ги презентираа темите, кои резултираа со успешна дебата и споредба на правните системи од двете земји.
Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата