spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Пристигаат крајните рокови за плаќање на даночни обврски за ДЛД и...

УЈП: Пристигаат крајните рокови за плаќање на даночни обврски за ДЛД и ДД за 2021

Заради поместување на роковите за поднесување на даночните биланси за 2021 година, се поместија и роковите за плаќање на даночните долгови кои произлегуваат од истите.

Даночните обврзници СВД и ТП треба да ја исполнат обврската за плаќање на данокот по Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност “ДЛД-ДБ” за 2021 година до 11 Април 2022 година.

Даночните обврзници кои данокот го пресметуваат преку Даночен биланс за оданочување на добивка “ДБ“, Даночен биланс за вкупен приход “ДБ-ВП” и Даночен биланс на непрофитни организации “ДБ-НП/ВП” треба да ја исполнат обврската за плаќање на данокот за 2021 година:

  • до 11 Април 2022 година, доколку до ЦРРСМ поднеле годишна сметка во хартиена форма (со рок за поднесување до 10.03.2022 година)
  • до 26 Април 2022 година, доколку до ЦРРСМ поднеле електронска годишна сметка (со рок за поднесување до 25.03.2022 година)

Ги поттикнуваме оние даночни обврзници кои имаат потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, да поднесат барање за одложено плаќање http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/172 Одложеното плаќање ќе Ви овозможи олеснувања, како:

  • отплата на долгот во месечни рати, или еднократно одлагање на плаќањето
  • УЈП нема да спроведува присилна наплата за долгот или ќе ја прекине започнатата постапка за присилна наплата
  • повратот на одобрено даночно побарување за ДДВ нема да биде условен со уплата на недоспените месечни рати и др.

Подетални информации за условите и постапката за одобрување на одложеното плаќање може да најдете во брошурата Одложено плаќање на даночен долг.

Со следниот Калкулатор направете пресметка колкава месечната рата за отплата на долгот во постапка за одложено плаќање треба да платите, според износот на главен долг за одреден број на месечни рати:
Преземи калкулатор (прилог)

 

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...