Општина Ѓорче Петров се вклучува во најголемата акција за чистење досега – „Генералка викенд“ кој ќе се одржи на 8-ми мај.
Настанот ќе биде организиран преку заедничко партнерство со „Пивара“- Скопје, „Пакомак“ и „Мен енд маунтен“.
Целта е да собереме што е можно повеќе отпад кој потоа ќе се носи до најблиската „Пакомак“ или локална станица за отпад.
Со секои 10 кг. отпад, придонеси во засадувањето на новите пристапни шуми “Сончева гора” – национални зелени споменици што ќе растат секоја година.
Во оваа акција ќе се вклучат многу поддржувачи, како Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство, претставници на дипломатскиот кор, повеќе од дваесет општини, училишта и локални поддржувачи, спортски клубови.
Акцијата е една од активностите кои ги спроведуваме за да придонесеме во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина.
Извор: Општина Ѓорче Петров