На Меѓународниот ден на трудот секоја година се одбележуваат континуираните заложби за унапредување на работничките права и солидарноста за обезбедување соодветно вреднување на вложениот труд.
За неколку месеци успеавме да отпочнеме значајни реформи, да склучиме нов колективен договор, со кој се проширија правата на вработените во градската администрација, каде сега се вклучени и пожарникарите на скопската противпожарна бригада кои заслужуваат почит и соодветна валоризација.
Но, не застануваме тука, заедно се залагаме и за измени на законската регулатива, која е неопходно да се подобри со цел овозможување соодветно вреднување на сите вработени во градската администрација, кои вложуваат максимални напори за обезбедување подобри услуги за граѓаните.
Благодарност до вработените во Град Скопје кои неуморно се грижат градот да функционира секој ден и кои со многу волја, посветеност и труд го даваат најдоброто од себе за Скопје.
Извор: Град Скопје