spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Славје во Кисела Вода, Бадел 1862 нов шампион

Кисела Вода: Славје во Кисела Вода, Бадел 1862 нов шампион

Женската кошаркарска екипа Бадел 1862 е нов шампион на Македонија. Прволигашите од Кисела Вода успеаа да го запишат третиот триумф во финалната серија, против бранителот на титулата Баскет Кам 2021 и со тоа да стигнат до 14-тата вкупна освоена титула.

 

 

Најтрофејниот женски кошаркарски луб во Македонија, овојпат титулата ја завери на гостински терен во Македонска Каменица, победувајќи со 77:71. Најдобра на теренот беше репрезентативката Александра Стојановска која постигна 27 поени а воедно се закити и со титулата МВП- најкорисен играч на првенството.

– Девојките заслужено го освоија првенството. Беа доминантни во текот на целата сезона, макотрпно тренираа и мислам дека желбата за триумф и дисциплината беа одлучувачки фактори за 14-тата титула на Бадел 1862, – истакна тим менаџерот Љупчо. Павловски.

 

 

 

Извор: Кисела Вода 

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....