spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВо моментот нема конкретен предлог од Франција за спорот со Бугарија, разговорите...

Во моментот нема конкретен предлог од Франција за спорот со Бугарија, разговорите продолжуваат

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ги отфрли шпекулациите дека за отворените прашања со Бугарија се постигнало решение зад затворени врати и нагласи разговорите продолжуваат на ниво на министерствата за надворешни работи што беше потврдено и за време на викендот со средбите на министерствата во Скопје.

„Во моментот кога ќе има решение што е прифатливо за двете страни, коешто се базира на европски вредности, кое го задржува достоинството на граѓаните на двете држави и ќе биде прифатливо за двете страни, ќе може да биде споделено со институциите“, истакна Ковачевски.

Премиерот Ковачевски го изрази своето цврсто уверување дека залагањето на францускиот претседател Макрон и Министерството за надворешни работи на Франција, се со цел оваа тема да се стави високо на агендата на претседателствувањето на Франција со ЕУ.

„Во рамки на нивните ингеренции и капацитет тие помагаат во фасилитирање на разговорите помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија меѓутоа не постои конкретен предлог. Ние како соседи треба да изнајдеме решение кое ќе биде основа за градење добрососедски односи за иднината и кое ќе претставува основа за одржување на првата меѓувладина конференција за нашата државата“, посочи Ковачевски.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....