Европската и транснационална мрежа за управување (ETGN) во соработка со Институтот на Европскиот Универзитет (EUI) од Фиренца, Италија, доделува 5 стипендии за летнaта школa за агилно управување за кандидати од Западен Балкан и Европските соседни земји (ENP).
Во период од 4 до 7 јули 2022 година, на ЕУИ Школата за транснационално управување во Фиренца ќе се одржи првата летна школа за агилно управување. Право на учество имаат – креатори на политики на сите нивоа на управување; високи и средно-кариерни државни службеници; персонал во корпорациите кои ги доставуваат јавните услуги; адвокати и економски консултанти во рана и средна кариерна фаза; персонал во технолошки претпријатија кои развиваат алатки за управување како и истражувачи кои се фокусираат на технологијата и управувањето.
Краен рок за аплицирање за стипендија е 5 јуни 2022 година. Подетални информации на линкот: https://www.eui.eu/Documents/School-of-Transnational-Governance/Web-2022/ETGN-Summer-School-Scholarships.pdf
Европската и транснационална мрежа за управување (ETGN) обединува 7 престижни европски академски и истражувачки институции, кои нудат можности за продлабочување и проширување на знаењата и компетенциите во европското и транснационалното управување.
Сите подетални информации за програмата и начинот на аплицирање можете да ги најдете на линкот: https://www.eui.eu/apply?id=etgn-summer-school-on-agile-governance#fees.
Извор: Министерство за образование и наука