Во рамки на проектот “Мозаик Инсталација како културна соработка и современо живеење – Платформа за меѓународна соработка“, кој е подржан од Амбасадата на Р.Бугарија и Општина Кратово се изработува мозаик на заедницата на надворешен ѕид со површина од 25м2, каде што учествуваат деца ученици на ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово и СОУ „ Митко Пенџуклиски“ – Кратово под менторство на Мозаик Уметник Симона Манчева.
Мозаиците ќе се изработуваат од рециклирани крш плочки, камен и др. почитувајки ги принципите на Зелена култура, со цел културата да работи во правец на заштита на животната средина.
Проектот ќе остави траен белег на заедничката работа на школската заедница и граѓаните, симбол на граѓански и школски активизам, единство, убавина, и естетика.
Извор: Општина Кратово