Во врска со годишниот Конкурс за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа животна средина за 2022 година објавен од Министерство за животна средина и просторно планирање, општина Вевчани во текот на месец февруари до министерството достави неколку предлог проекти.
Од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање прифатени за финансирање се два предлог проекти и тоа:
Изградба на канализациона линија крак 3 во општина Вевчани; и
Намалување на CO2 во детската градинка ЈОУДДГ ПЛАНИНСКИ ЦВЕТ Вевчани преку замена на котелот на фосилно гориво со нови еколошкишпш топлотни пумпи.
Од почетокот на годината подготвени и аплицирани се десеттина предлог проекти до неколку донатори, за што очекуваме резултати за можноста за нивно прифаќање и финансирање.
Извор: Општина Вевчани