Цел на обуката
Целта на обуката е стекнување и/или подобрување вештини за ефективно водење состаноци со користење на соодветни алатки и техники. По комплетирање на обуката, учесниците ќе можат: да планираат состаноци; да изготвуваат агенди; ефективно да отвораат и водат состаноци; да се справат со непродуктивно однесување на состаноци; да препознаат критична точка за време на состанокот и да употребат техники за справање; да контролираат состаноци; да затвораат состаноци и друго.
Опфат – теми
- Вовед
- Состаноци и цели
- Состаноци од далечина
- Чекори за планирање на состанок
- Планирање и известување
- Подготовка за состанок
- Подготовка на агенда
- Агенда (содржина, главни теми, временска рамка, друго)
- Планирање на содржина и процес на состанок
- Одредување временска рамка за давање збор и дискусија
- Точно определена и навремено доставена процедура за текот на состанокот
- Одредување место и време или онлајн-платформа
- Навремено известување
- Основи на ефективен состанок
- Најдобри и најлоши состаноци
- Алатки и техники за отворање и водење состаноци со физичко присуство и од далечина
- Водење состаноци
- Препознавање на критична точка и справување
- Техники за справување со непродуктино однесување
- Техники за водење ефективен состанок
- Начини за контрола на состанок
- Затворање состанок
- Методи, техники и алатки за ефективно водење состаноци
- Друго
Целна група
Оваа обука е наменета за вработени коишто организираат и водат состаноци, како и за сите учесници кои сакаат да се стекнат со вештини на ефективно водење состаноци.
Методологија на работа
Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.
Материјали
Презентациска скрипта; формулари како обрасци и другите дополнителни материјали кои ќе може да се користат при подготовка на презентации ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.
Времетраење
- При физичко присуство, обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
- Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа во период од 1 недела.
По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.
Повеќе информации и пријавување на:
тел. 3246-041; 075 446-686