Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска учествува на Светскиот Форум за урбанизам 11 (World Urban Forum 11 #WUF11), кој ова година се одржува во Катовице, Полска.
Светскиот Форум за Урбанизам е основан од Обединетите наци за да испита едно од најитните прашања со кои се соочува светот денес: брзата урбанизација и нејзиното влијание врз градовите, заедниците, економијата и климатските промени. Тој обединува претставници на националните, регионалните и локалните власти, академици, бизнис секторот како и граѓанското општество.
На маргините на Светскиот Форум за урбанизам, Оџаклиеска оствари повеќе средби, меѓу кои и со Маимунах Мохд Шариф, заменик генерален секретар и генерален директор на Програмата на Обединетите нации за човекови населби (UN HABITAT).
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање