Во општина Илинден продолжуваат градежните активности за асфалтирање на повеќе улици и пешачки патеки во повеќе населени места во рамки на акцијата ,,Градежна офанзива”.
Во текот на вчерачниот ден се асфалтираше пристапниот пат во Бунарџик, со вкупна должина од 80 метри. Во Дељадровци асфалтирани се два крака на улица ,,1” во должина од 90 метри, а во Ајватовци извршена е санација на два крака од улица ,,1” во должина од 130 метри. Градежните активности за реконструкција на патната инфраструктура и во останатите населени места во општина Илинден ќе продолжат и во наредниот период.