Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски обезбеди донација од приватна компанија за субвенционирање на сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства. Во време на енормно зголемени цени на сите продукти и општа финансиска криза, обезбедената донација, е наменета токму на оние на кои во моментов имаат најголема потреба од помош.
Истата е во износ од 1.200.000, 00 денари, односно по 100.000, 00 денари во текот на дванаесет месеци. Општина Кисела Вода во наредните денови ќе објави јавен повик на кој ќе можат да аплицираат ранливите категории-социјално загрозени семејства, самохрани родители и деца без родители. Апликантите ќе бидат разгледани од повеќечлена комисија, а изборот ќе биде направен така што ќе може да се опфати што поголем дел од ранливите категории.
Ова е уште еден од чекорите кои Општина Кисела Вода ги презема во насока на намалување или ублажување на сиромаштијата со која живеат се поголем број на семејства во Македонија. Во рамки на проектот “Храна за сите”, во неколку наврати беа и ќе бидат обезбедени хуманитарни пакети за економски немоќните семјества, а од септември, финасиска поддршка на домашниот буџет ќе имаат и сите семејства кои имаат првоодделенци. Преку проектот Ранче за секое прваче”, ќе биде обезбедена бесплатна чанта, тетратки и прибор за запишаните првачиња во сите основни училишта на територија на општина Кисела Вода.
Извор: Општина Кисела Вода