spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Меморандум за соработка со Коалицијата на младински организации СЕГА

Карпош: Меморандум за соработка со Коалицијата на младински организации СЕГА

Во име на локалната самоуправа, градоначалникот Стевчо Јакимовски денеска го потпиша Меморандумот за соработка со извршниот директор на Коалицијата на младински организации СЕГА, Зоран Илиески, која воедно е стратешки партнер на Агенцијата за млади и спорт. Имено, овој меморандум произлегува од потребата за соработка помеѓу Општина Карпош и Коалицијата СЕГА, кој има за цел да овозможи успешно имплементирање на Законот за младинско учество и младински политики, во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата”, кој е поддржан од ЕУ.

Во рамки на средбата, соработниците на проектот преку анкетен прашалник прибраа податоци од Јакимовски за актуелните услови за живот на младите жители од Карпош, за транспарентниот пристап на младите до информации кои се поврзани со прашања кои ги засегаат нив, како и што презема Општината за оваа популација. Првиот човек на локалната самоуправа говореше и за младинското претприемништво, за безбедноста на младите и за главните приоритети на кои треба да се фокусира стратешката политика за млади.

Во оваа насока беше применета квалитативна и квантитативна методологија која подразбира спроведување на онлајн анкета, која ја опфаќа младата популација на возраст од 15 – 29 години. На тој начин се собираат податоци од младите карпошани поврзани со нивната застапенот во институциите, како и низа нивни предлози за различни облици на граѓанска активност.

Инаку, овој проект непосредно нуди  поддршка за локалните самоуправи при подготовка на локални стратегии за млади како и поддршка за самите локални младински совети. Оттука, Општина Карпош обезбеди финансиски средства за имплементација на проектот во висина од 180.000 денари. Покрај тоа, локалната самоуправа ќе воспостави работна група за изработка на стратегија за млади, ќе организира Јавна расправа за предлог-стратегијата и ќе обезбеди непречена комуникација  со локалниот младински совет.

Коалицијата СЕГА од друга страна пак, ќе учествува при подготовка на методологијата за креирање на локална стратегија за млади, ќе организира обука за единиците на локалната самоуправа и младинските здруженија за изготвување на локални стратегии за млади,  и ќе спроведе  локално истражување за идентификување на приоритетни потреби на младите во општината. Коалицијата на младински организации исто така ќе изработи Акционен план и ќе испечати Стратегија за млади  на Општина Карпош  во тираж од 100 примероци.

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....