spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Контроли на настани на отворено

УЈП: Контроли на настани на отворено

Мобилните екипи на УЈП и викендов продолжуваат со редовните контроли за фискализација особено на местата каде што се одржуваат настани на отворено, како што се Виница и Свети Николе.

Трговците и вршители на дејност кои вршат промет на добра и промет на услуги за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат, односно плаќањата го вршат во готово (готовински плаќања), треба да користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат фискална сметка за извршениот промет.  Без разлика дали се ДДВ обврзник, ако вршат промет на добра или услуги во готово должни се да воведат и употребуваат фискален апарат.
Ги потсетуваме и физички лица, да се усогласат со Законот за данок на личен доход (ЗДЛД) , односно да поднесат Барање за  паушално плаќање на данокот од вршење на дејност од времен (сезонски) карактер, во подрачната единица на УЈП. Воедно апелираме претходно да го имаат запазено условот за користење на градскиот простор, односно да имаат дозвола од Општината. На основ поднесеното барање УЈП ќе им издаде решение со утврдени аконтации на данокот на личен доход, со прилог налог за плаќање на данокот.

Извор: Управа за Јавни Приходи

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...