spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: КОНКУРС за стипендии во 4 категории за ученици Роми запишани...

МОН: КОНКУРС за стипендии во 4 категории за ученици Роми запишани во јавните и приватните средни училишта

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Македонија“ бр.96/19 и 110/19), член 54 став 3 од Законот за ученички стандард („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20),  а согласно Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 195/20) и Решението за распишување на Kонкурс за доделување стипендии на ученици Роми од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/22 бр. 19-11569/1 од 4.8.2021 година, Министерството за образование и наука, распишува

 

 

КОНКУРС

за доделување на стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година

 

Министерството за образование и наука за учебната 2021/2022 година ќе додели 870 (осумстотини и седумдесет) стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.

  1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

 

Во учебната 2021/22 година се доделуваат вкупно 870 стипендии за средношколци Роми во четири категории, од кои:

  1. Во првата категорија се доделуваат вкупно 220 стипендии за средношколци Роми за учебната 2021/22 година во висина од 2.200,00 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 4.50 до 5.00 во последната учебна година;
  2. Во втората категорија се доделуваат 320 стипендии за средношколци Роми за учебната 2021/22 година во висина од 1.500,00 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3.50 до 4.49 во последната учебна година;
  3. Во третата категорија се доделуваат 180 стипендии за средношколци Роми за учебната 2021/22 година во висина од 1.200,00 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3.00 –  3.49 во последната учебна година;
  4. Во четири категорија се доделуваат 150 стипендии за средношколци Роми за уебната 2020/21 година во висина од 800,00 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 2.00 – 2.99 во последната учебна година.

 

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

 

За учениците Роми од прва, втора, трета и четврта категорија  стипендиите ќе се доделат согласно следните критериуми:

1) да се редовни ученици запишани во прва, втора, трета или четврта година во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија;

2) да не повторувале во претходната учебна година;

3) да не се корисници на стипендија од други институции/установи или фирми;

4) да се припадници на ромската заедница; и

5) да се државјани на Република Северна Македонија.

При селекцијата на стипендии за прва, втора, трета и четврта категорија предност имаат кандидатите кои имаат повисок општ успех од оцените.

 

III.             МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

 

Учениците кои се пријавуваат по Конкурсот, потребно е до Министерството за образование и наука, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје, од 01.09.2021 до 15.09.2021 година, од 08-16 часот да ги достават следните документи:

  1. Барање за стипендија;
  2. Оригинал пријава (не копија) за стипендирање на средношколци Роми;
  3. Оригинал потврда дека е редовен ученик во учебната 2021/2022 година;
  4. Заверена фотокопија кај нотар од свидетелство од последната учебна година на школување;
  5. Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;
  6. Изјава на кандидатот дека е припадник на ромската етничка заедница;
  7. Копија од уверение за државјанство на Р. Северна Македонија;
  8. Согласност за користење на лични податоци;
  9. Копија од трансакциска сметка од банка на име на ученикот.

Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува во процесот и истата нема да влезе во конкуренција со останатите кои се пријавиле на конкурсот.

  1. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

 

Висината на стипендијата е наведена за секоја категорија посебно и тоа:

Прва категорија: Стипендии за талентирани средношколци Роми.

Оваа категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат одлични резултати со успех од 4.50 до 5.00. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2021/22 година ќе бидат доделени вкупно 220 стипендии. Висината на стипендијата за прва категорија изнесува 2,200.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Втора категорија: Стипендии за ученици со успех од 3.50 до 4.49

Втората категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат многу добри резултати со успех од 3.50 до 4.49. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2021/22 година ќе бидат доделени вкупно 320 стипендии. Висината на стипендијата за втора категорија изнесува 1,500.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Трета категорија: Стипендии за ученици со успех од 3.00 до 3.49

Третата категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат добри резултати со успех од 3.00 до 3.49. Во оваа категорија за учебната 2021/22 година ќе бидат доделени вкупно 180 стипендии. Висината на стипендијата за трета категорија изнесува 1,200.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Четврта категорија: Мотивирачка стипендија за ученици со просек од 2.00 до 2.99

Петтата категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а во претходната учебна година имаат постигнат општ успех од оцените од 2.00 до 2.99. Во оваа категорија за учебната 2021/22 година ќе бидат доделени вкупно 150 стипендии. Висината на стипендијата за петтата категорија изнесува 800.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Стипендиите од сите пет категории кои нема да бидат доделени можат да се префрлаат за доделување во друга категорија на стипендии, наведени во овој Конкурс.

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...