Почитувани,
Зоран Заев и Венко Филипче повторно и повторно како и во текот на целата пандемија прават катастрофално погрешни чекори. Или со еден збор циркус Влада.
На праг на четвртиот бран наместо да понудат решенија, тие репресираат и на сила и заплашувачки, дискриминаторски се однесуваат кон граѓаните. За СДСМ има само вакцинирани, а за живи не ги сметаат оние кои имаат створено антитела преку прележување на корона вирусот.
Такви се над 200 илјади лица кои имаат прележано корона вирус, односно околу 150 илјади официјално и сигурно уште околу 50-тина илјади кои не се пријавени и сите тие имаат најголем дел развиено антитела. За Филипче и Заев овие луѓе не постојат, односно ги дискриминираат и по секоја цена сакаат да ги одвојат и жигосаат. Имунитет имаат и едните и другите, но за Филипче важни се само оние кои што се вакцинирани.
Значи да сумираме, никој не е против вакцинирање, само мора да се излезе од насилната матрица на Владата на Зоран Заев, на Венко Филипче и оние кои што имаат стекнато имунитет преку прележување на болеста, да бидат исто третирани како и оние кои што се вакцинирани. Никој никому не смее да му оспори право на живеење и секојдневие ако има стекнато имунитет на едниот или другиот начин.
Почитувани,
Целта на сето ова кое што во моментов го спроведува Венко Филипче е да се плаши и репресира населението односно граѓаните пред претстојните локални избори. Да не беа изборите, за Зоран Заев и Венко Филипче се уште ќе важеше максимата ново нормално и дека ја победиле короната, како што неколку пати знаете до сега ја победуваат и никако да ја победат, секој нареден бран е посилен од претходниот. Власта покажува дека врши дискриминација и го репресира сопствениот народ само за да предизвика страв пред изборите и да ги исплаши граѓаните.
Погрешната политика ја доведе Република Македонија уште од стартот на појава на корона високо на листите на починати или досега повеќе од 5.500 починати само во Република Македонија, а високо котира меѓу првите места и на светските ранг листи по бројот на починати
Заев и Филипче цело време се занимаваат со последици, а никако да превенираат од последиците.
Ова што се случува денес е резултат на целосно игнорирање на проблемот со корона вирусот и многу задоцнета имунизација.
Но, тоа е резултат од трката по провизии од набавка на вакцини. И наместо да се стави акцент на набавка на вакцини, се ставаше акцент на провизии од вакцини, за сега да репресираат и дискриминираат насилно.
ВМРО-ДПМНЕ повторно апелира на вакцинација, но треба да се почитува и правото на избор, односно да не се дискриминира на еден или на друг начин, и да се почитува правото на избор на оние различните, на оние кои мислат поинаку од останатите, односно кои што мислат поинаку од Владата. Исто така мора да се почитуваат и оние кои имаат имунитет и антитела, а не се вакцинирани.
Борбата со короната не се води со плашење на сопствениот народ, со влевање страв, туку со разумни одлуки кои што ќе дадат резултати. Ова во моментов што го гледаме е само насилие врз сопствениот народ.
Владата треба да погледне во земјите каде што граѓаните се поттикнуваат со стимулативни мерки, а не со закани и заплашувања. Сепак од сите бараат само помош, односно од нашите соседни држави, но и од другите држави од Европа и од светот, па така нека видат кои се стимулативни мерки, наместо репресивни кои што би можеле да ги применат тука.
Потребни се како што реков стимулативни мерки, а не казна и репресија врз граѓаните.
И овој четврти бран кој што е на праг уште еднаш ја покажа целата неспособност на оваа Влада предводена на Зоран Заев, на Венко Филипче. И ова нивно делување со насилие е само резултат на нивната безидејност како да се справат со короната.
Извор: ВМРО ДПМНЕ