АХВ: Кампања за одговорно сопствеништво “Биди неговиот херој”-Куманово

Агенцијата за храна и ветеринарство соработка со Факултетот за ветеринарна медицина продолжуваат со реализација на активностите во рамки на едукативната регионална кампања за одговорно сопствеништво “Биди неговиот херој”.

Со едукативната работилница која од денес почнува да се реализира и во руралните населени места во земјава, опфатени се дел од македонско – албанските паралелки од нижите одделенија во основното училиште ,,Битолски конгрес,, од кумановското село Лопате.

Како дел од регионалната кампања на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ за подигнување на јавната свест за одговорното сопствеништво, во рамки на кампањата на Агенцијата ,,Биди неговиот херој,, на дечињата од нижите одделенија од ова основно училиште објаснет и им беа основите на одговорното сопствеништво, како треба да се грижат за милениците за да го заштитат сопственото и нивното здравје.

Поделени беа боенки, брошури и друг едукативен рекламен материјал кој е изработен во рамки на оваа кампања која Агенцијата за храна и ветеринарство почна да ја реализира во 2016 година. Кампањата “Биди неговиот херој”, во наредните денови ќе продолжи да се реализира и во другите општини во земјава.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство