АХВ: Оглас за работна позиција-Помлад експерт за законодавство

Оглас за слободна работна позиција:
Помлад експерт за законодавство (Здравствена заштита на животни)

Проектот „Подобрување на спроведувањето на законодавството за зашттита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системи “ EuropeAid/139253/DH/SER/MK објавува слободна работна позиција: Помлад експерт за законодавство (Здравствена заштита на животни), 30 дена.

Опис на задачата:

Под надзор и според упатствата на Постариот експерт за здравствена заштита на животните како и во координација со надлежниот сектор од Агенцијата за храна и ветеринарство и Тим лидерот на проектот, на експертот ќе му бидат доделени следниве задачи: 
Поддршка на Постариот краткорочен експерт за здравствена заштита на животните во однос на:

• Ревизија на тековното законодавство изготвено од страна на АХВ, земајќи ги предвид актите коишто ќе бидат развиени на ниво на ЕУ согласно Регулативата 2016/429;

• Изготвување листа на подзаконски акти кои ќе се изготват врз основа на приоритетите идентификувани од страна на корисниците.

• Подготовка на законодавството утврдено во договор со корисниците како и соодветната коресподентна табела, под надзор на меѓународниот експерт за здравствена заштита на животните и Тим лидерот.
Исто така, Помладиот експерт ќе учествува во работните групи и координативни состаноци со корисниците, во однос на законодавството што се изготвува.

Потребни квалификации и искуство: 
• Универзитетска диплома по ветеринарна медицина, право или други сродни области;
• Минимум 3 години искуство во подготовка или спроведување на законодавството за здравствена заштита на животните во согласност со законодавната рамка усвоена во Северна Македонија.
• Одлично познавање на англискиот јазик, пишан и говорен, со ефективни комуникациски и презентациски вештини;
• Одлично познавање на македонскиот јазик;
• Работа со компјутери.

Општи барања: 
Високо мотивирана личност со способност за тимска работа. Независна и без конфликт на интерести во однос на доделените надлежности. 

Заинтересираните лица да ја достават својата кратка биографија (CV) на англиски јазик на следнава електронска адреса: s.zerajik@agriconsultingta.net

Државните службеници како и лицата вработени во јавната администрација на Северна Македонија, не може да бидат ангажирани како експерти.

Краен рок за достава на пријавите 17 мај 2019, 17.00 часот.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг, ќе бидат повикани на интервју.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство