АМС: Jавен повик за упис во регистарот на младински организации, организации за млади и младински чадор организации

1. Барање за упис во Регистарот кое се поднесува во писмена форма, потпишано од овластено лице кое ја застапува и претставува организацијата и на меил: registarmladi@ams.gov.mk
2. Решение за извршен упис во Централниот регистар на Република Северна Македонија, со кое се потврдува дека организацијата е основана најмалку една година
3. Тековна состојба од Централниот регистар на Република Северна Македонија не постара од шест месеци со која се докажува активниот статус на организацијата
4. Статут на организацијата
5. Програма за работа на организацијата
6. Годишен извештај на активности од областа на млади
7. Список со вкупен број на членови на организацијата и
8. Број на членови од 15 до 29 години
[Организациите за млади не се должни да ги поднесат документите од точка 7 и 8]
Сите документи се доставуваат во писмена форма и по електронска пошта на: registarmladi@ams.gov.mkОваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.“>

Младинска чадор организација кон барањето за упис во Регистарот ги доставува документите од точка 2 до точка 6, надополнети со:
1. Список на членки – младински организации и организации за млади во кој е наведено од кој плански регион на Република Северна Македонија имаат седиште
2. Список на членови на највисокиот орган на управување каде е наведен датумот на раѓање на секој од членовите
Прилозите кон барањето се доставуваат во оригинал или како заверена копија.
Податоците содржани во барањето мораат да бидат идентични со податоците содржани во прилозите.
Барањето за упис во Регистарот младинската организација и организацијата за млади го поднесуваат на образецот во Прилог 1, а младинската чадор организација на образецот во Прилог 2.


По поднесување на Барањето од Ваша страна Агенцијата за млади и спорт носи решение за упис во регистарот, во случај барањето за упис во Регистарот да не е целосно, односно доколку не се доставени сите прилози, Агенцијата за млади и сспорт ќе го повика подносителот да ги отстрани недостатоците во рок од 15 дена.
Јавниот повик е отворен со неограничен временски рок
Повеќе информации на следниот линк: https://cutt.ly/WhBi6XL
Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на младински организации, организации за млади и младински чадор организации можете да го најдете на http://www.ams.gov.mk/images/pravilnik_za_registar_s

Извор: Агенција за млади и спорт