АМС: Најдобриот млад иноватор на прием

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот најдобар млад иноватор Горјан Јовановски, креаторот на апликацијата МојВоздух кој ја освои Европската награда за 2020 во категоријата за млади до 30 години.

На средбата директорот од страна на Горјан беше информиран за World Summit Awards, коишто беа доделени во рамките на Европскиот фестивал на млади иноватори во Грац каде нашиот 27 годишен софтверски инженер и еко активист од Скопје победи во конкуренција на голем број иноватори до 30 години, како и за проектите кои ги спроведува во и надвор од нашата земја, за претстојните планови и идеи за подобро општество.

Чест ми е што можам да бидам во друштво на млади и успешни луѓе кои имаат идеја за подобро општество, искрено упатувам апел и ги охрабрувам да го следат примерот на Горјан и да се обидат идејата да ја претворат во реалност. – Истакна Мојсовски.
Агенцијата за млади и спорт во рамки на проектот млади таленти, доделува финансиски средства во висина од две просечни плати на Млади талентирани лица кои освоиле награда на меѓународни натпревари.

Извор: Агенција за млади и спорт