АМС: Одлука за Финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2019 година

По одобрените финансиски средства за поддршка на невладините организации за реализација на проекти од областа на младите, Агенцијата за млади и спорт објави Оглас за финансиска поддршка на здруженија со број 12-303/2 од30.01.2019 година. Огласот за финансирање на невладините организации се однесуваше во насока на поддршка на активности кои се однесуваат на младите, развој на статусот на младите во општеството, остварување на правата и обврските на младите, едукација, унапредување на статусот на маргинализираните групи на млади лица, поттикнување на критичната мисла кај младите, потикнување на научни и истражувачки активности кај младите и младинската работа.

По одобрените финансиски средства за поддршка на невладините организации за реализација на проекти од областа на младите, Агенцијата за млади и спорт објави Оглас за финансиска поддршка на здруженија со број 12-303/2 од 30.01.2019 година.Огласот за финансирање на невладините организации се однесуваше во насока на поддршка на активности кои се однесуваат на младите, развој на статусот на младите во општеството, остварување на правата и обврските на младите, едукација, унапредување на статусот на маргинализираните групи на млади лица, поттикнување на критичната мисла кај младите, потикнување на научни и истражувачки активности кај младите и младинската работа.

На огласот пристигнаа 74 апликации од страна на невладините организации, од кои 43 во дадениот рок а 31 по истекот на рокот.

Согласно Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите, Комисијата ги разгледа апликациите и достави извештај до директорот на Агенцијата за млади и спорт, со што беше донесената конечната одлука за финансиска поддршка на невладините организации.

Ред.бр Назив на организација Назив на проектОдобрен обуџет
 1 СМР Образовни можности за младински работници265.000
 2 ЗК МЛАДИТЕ МОЖАТ Кариерен пат: Направи го првиот чекор 245.000
 3 ВИЗИЈА 2020 ШТИП Со  повисоки компетенции до поголема вработливост на младите 290.000
 4 МИЕС Мисли , изрази се, информирај се 280.000
 5 ПРВ СКОПСКИ ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД Кликни лајк ако си за хајк  270.000
 6 ЗЕ ЗЕЛЕНА СИЛА – ОХРИД  Рециклирањето придонес кон животната средина 290.000
 7 ИОИ -МК 91 Младите за младински политики  290.000
 8 ХЕРА – СКОПЈЕ Сексуално образование- имам право да знам  225.000
 9 МИДС- БИТОЛА Дебатирај ! За активно учество во заедницата 290.000
10ЗОГВП УРБАНО ОПШТЕСТВО Скопје Спознај ги човековите права и кажи Да за еднаквоста и родовата рамноправност 290.000
11 ДОМИНИУМ КУЛТУРНО ЈАДРО  Развој на кариера 265.000  

Извор: Агенција за млади  и спорт