АМС: Потпишани договорите со невладини организации

Согласно Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите, Комисијата ги разгледа апликациите и достави извештај до директорот на Агенцијата за млади и спорт, со што беше донесената конечната одлука за финансиска поддршка на невладините организации.

Претставници од сите невладини организации, кои влегоа во редот на добитници на средства, на 16.05.2019 година во Агенцијата за млади и спорт ги добија договорите за соработка.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги потпиша договорите и им посака на сите присутни плодна и успешна работа, верувајќи дека секоја наредна година фондот за поддршка на младинските организации ќе биде поголем.

Извор: Агенција за млади и спорт