АМС: Увид во градежни работи

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски направи увид во градежните активности за базенот во ОУ „Невена Георгиева Дуња” во населбата Кисела Вода.

Имено, ова е дел од проектот изградба на базени во склоп на основните училишта кои ќе овозможат запознавање со основите на пливањето и достапност до базен за децата од училишна возраст.

Извор: Агенција за млади и спорт