ССМ: Интервју на Претседателот на ССМ – Дарко Димовски

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски во интервју за Телевизија Сител истакна дека трудот треба да се вреднува со коефициент, според нивото на образование и стручност. Ако расте минималната плата, ќе има пораст и кај останатите плати, а на тој начин работниците ќе можат да ги задоволат барем основните животни потреби. 

„ССМ се залага за зголемување на минималаната плата која не треба да биде помала од 60% од просечната плата во земјава или како што во моментов стојат работите, значи минимална плата од 15.110 денари. Исто така, предлагаме да се донесе Закон за плати, каде трудот ќе се вреднува со коефициент. Минимумот, најниската плата да го следи коефициентот и секој работник да биде соодветно платен, според нивото на обрзование, стручност, но да се следи и порастот на целата економија, потрошувачка кошница и просечната плата- изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ“ – извадок од изјавата.

Линк од целото интервју: https://sitel.com.mk/prodolzhuvaat-pregovorite-za-pokachuvanjeto-na-mini…

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија