МВР: Известување

Дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи Славјанка Петровска денеска упати Телеграма до сите организациони единици во министерството за внатрешни работи,  а во  врска со Телеграма бр.08-3/1 од 12.02.2020 година, доставена од министерот за внатрешни работи до раководителите на сите организациски единици во Министерството за внатрешни работи, во која УКАЖУВА дека Одлуката за поништување на решенија за распоредување на работно место на Владата на Република Северна Македонија Бр.44-1358/1 од 09.02.2020 година, е објавена во Службен весник на Република Северна Македонија и истата е во СИЛА поради што должност на вработените во Министерството е безусловно да ја почитуваат и спроведуваат.

Во телеграмата  дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи  Петровска  до вработените во министерството се вели дека согласно член 41 од Законот за организација и работа на органите на државната управа надзорот над работата на министерствата го врши Владата и затоа важечки правен акт донесен во законска процедура од страна на Владата не смее и не може да не се почитува и истиот да биде суспендиран со телеграма на министерот.

,,Оттука укажувам на неопходноста од целосно почитување на донесената Одлука на Владата која е во сила,, се вели во телеграмата на дополнителниот заменик на министерот Петровска.

Дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи во телеграмата укажува дека министерот за внатрешни работи како незадоволна страна може да поведе постапка согласно утврдени процедури пред институциите на системот, но и дека Наредбата бр. 08-3/1 од 12.02.2020 година на министерот е спротивна на законот и владеење на правото и претставува поттикнување во вршење кривично дело.

,,Ги охрабрувам вработените во Министерството да го задржат својот професионален и личен интегритет и да се спротивстават на секој обид кој води до беззаконие и нарушување на системот на владеење на правото,, се вели во телеграмата на дополнителниот заменик  на министерот за внатрешни работи  Славјанка Петровска. 

Извор: Министерство за внатрешни работи