Арс Луцида: Курс за Медитатори (18.07)

Медитацијата не е само правилно дишење и слушање пријатна музика со затворени очи.

Што значи да медитирам? Или што значи правилно да медититрам?

За да се разбере немерливото, умот мора да биде извонредно тивок, мирен.

Она што треба да се случи е експанзија на свеста преку медитација.

Медитацијата е всушност процес на откривање на самите себеси.

Меѓутоа, постои еден дел од нас кој останува непроменет и недопрен од надворешниот свет и го претставува јадрото на нашето постоење.

Медитацијата е начин да се спознае тој дел – нашиот вистински идентитет. Во стварноста, сите ние сме само свест. Ние не сме нашето тело, не сме нашите емоции, не сме нашиот ум, не сме нашите мисли; ние сме душа. Ние сме само свест која чувствува и гледа сè што се случува додека ја играме својата улога во животот. Оваа свест по својата природа е мирна, спокојна и нè подмладува.

Медитацијата е процес на осознавање на оваа свест која постои во нас.

Што содржи овој курс и што ќе научите?

  1. Интеракција на тема поимање медитација. Дефинирање на овој поим.
  2. Техника на медитирање: позиција на телото, јазикот и начин на дишење (објаснување на причините за потреба да се придржуваме на овие правила врз основа на ефектите кои произлегуваат од истите)
  3. Вежбање на комплетно дишење (во лежечка позиција)
  4. Кратка медитативна вежба за т.н. животен, личен простор
  5. Објаснување на Nadi Shodana преку енергетска физиологија и вежбање на овој начин на дишење
  6. Разговор на тема искуства и прашања на сите теми во врска ос медитација
  7. Кратка медитација која веќе сме ја практикувале за да се почувствува ефектот на работилницата

Времетраење на курсот: 

  • Воведен ден: 7 часа од 10:00-17:00 (18.07.2020) со еден час пауза
  • Секој следна недела во продолжение има уште 8 термини по 1 час и 30 минути (ги договараме со пријавените) во кои ќе се обработуваат различни теми и видови медитации, техники за дишење, чакри и нивна анатомија, мудри и мантри, Јога позиции и физички вежби и препораки за исхрана
  • Последниот термин е посветен за церемонијална кундалини медитација.

Поеднинечно првиот воведен ден е 3000 денари, а секој следен неделен термин 750 ден.

Цената со попуст на целиот курс за сите 9 темини е 6000 денари.

Курсот ќе се спорведува согласно новите протоколи кои произлегуваат од „Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот“.

Протоколот е достапен тука: https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/covid/protokol_za_organizacija_na_rabotni_sostanoci_obuki_kursevi_i_seminari.pdf

Поради овие мерки бројот на места ќе биде ограничен за наша и ваша безбедност.

Инструктор и предавач: Снежана Муратовска

Снежана е јога практикант повеќе од 20 години. Нејзиното јоги знаење е надополнувано со бројни семинари i и обуки во државата и страство.

Има завршено сертифициран семинари за медитации по методот на Phyllis Krystal vo 2007 godina.

Своето искуство го збогатува со семинар за Випсана медитација во 2010.

Има завршено обуки за Реики I, Реики II и Реики III/A, дополнително има завршено основен и напреден Pranic Healing курс, како и Pranic Psycoterapy.

Има посетувано бројни работилници меѓу кои ги издвојуваме, Емоционална интелигенција, Медитација на Душата.

Повеќе информации:

  • contact@arslucida.mk
  • контакт телефон: 075 25 27 24

Онлајн шоп: http://shop.arslucida.mk/course-for-meditators

Извор: Javnaadministracija.mk