Арс Луцида: Сертифициран Реики Курс – ниво 1 (12-13.09)

Откријте ја универзалната регенеративна моќ која секое човечко битие природно ја поседува.

Едноставен, природен и безбеден метод на духовно исцелување и самоусовршување кој може секој да го користи.

А што е Реики?

Реики е прецизен древен тибетски систем за исцелување, ускладување и урамнотежување на енергијата, кој се користи за намалување на стресот, за релаксација и за здравје.

Реики исцелува комплетната личност – телото, емоциите, умот, духот и кармата, создавајќи многу корисни ефекти како што се релаксација, чувство на внатрешен мир, безбедност и благосостојба. Тоа го доведува телото во хармонија така што го ослободува од телесните и емотивните блокади.

Реики ги отвора вратите за да можеме да се вратиме кон сопствената совршеност, каква и да е таа, со тоа што ги третира причините и ги отстранува последиците.

Реики третманот доведува до длабока опуштеност.

На кратко што ќе научите:

✔

 Позиции на рацете за третирање на самите себеси.

✔

 Позиции на рацете за третирање на другите.

✔

 Како да третирате чакри со Реики.

✔

 Принципите на Реики.

✔

Давање и примање на Реики третмани.

✔

 Индивидуално „ускладување“ или „штимање“ (attunement) на енергијата.

Со завршување на овој курс се здобивате со сертификат за завршено прво ниво по Реики.

Предава: Елена Ашвини Антоновска

Елена Ашвини Антоновска е сертифициран Професионален коуч на Ериксоновиот колеџ од Канада и тренер. Покрај тоа, листата на вештини и методи кои влегуваат во нејзиниот домен на работа е долга, а некои од нив се: Reiki Master, Regression therapist, Pranic Healing Instructor, CEFE trainer, PCM Coach (Process Communication Model), Wing Wave coach, NLP Practitioner, etc.

Цената за сертифицираниот курс за Реики ниво 1 е 90 евра.

Оnline shop: http://shop.arslucida.mk

🙋🏼‍♀️

Реики Мастер: Елена Антоновска

Пријавување и информации:

 contact@arslucida.mk

📞

 075 25 27 24

Извор: Javnaadministracija.mk