АВРСМ: Директорот Демири на работен состанок со Министерот Шахпаска

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Абдуш Демири оствари прв работен состанок со Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Во фокус на средбата се разговараше за високиот процент на успешноста во реализацијата на Оперативниот план 2020 година , еден од приоритетите во работењето на АВРСМ, мерките финансирани од Европските фондови како и проектот Гаранција за млади, проект кој нашата земја го имплементира 3 година по ред како прва држава која не е членка на ЕУ.

На состанокот и двете институции се согласија дека потребата од заедничка вкученост и посветеност на МТСП и АВРСМ во креирањето политики и реализација на програмите, мерките и услугите на пазарот на трудот , се од особено значење за невработените лица и бизнис секторот, особено во делот на обезбедување и поддршка на нови работни места како и зголемување на вработливоста на невработените лица.

Извор: Агенција за вработување