АВРСМ: Обука на работно место за познат Работодавач

Врз основа на Оперативниот план за  активните програми и мерки за вработување  и услуги на пазарот на труд за 2019 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 3.1 Обука на работно место за познат работодавач, финансирана од буџетот на  Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, на  ден 25.02.2019 година, се објавува:

ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ

до невработените лица

Се повикуваат евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во мерката Обука на работно место за познат работодавачда се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија,  каде редовно се евидентираат како невработени лицасекој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

1.Избраните кандидати ќе поминат тримесечна обука и истата ќе се спроведува во работните простории на работодавачите согласно Програма за обука предложена од страна на работодавачите. На учесниците во обуката ќе им се издаде потврда за спроведената практична обука.

2. Невработеното лице добива паричен надомест од 9.000,00 денари месечно, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалан болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката до 3 месеци.

3. Работодавачот има обврска на работа да вработи најмалку 50 % од обучените лица со полно работно време во траење од најмалку 6 месеци и за истиот период  да не го намали вкупниот бројот на вработени лица на неопределено време со полно работно време.

4. Корисниците на паричен надоместок и корисниците на право на парична помош од социјална заштита , не го губат  правото  за време на обуката. Ако корисникот на социјална помош е отпуштен од работа пред истекот на мерката, има право да се врати во регистарот на корисници на социјална помош.

5. Условите, правата и обврските поконкретно ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, работодавачите и кандидатите.

Заинтересираните невработени лица можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.

Детални информации можат да се добијат во  работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт телефонот  02-3111-850 лок.279 и веб странатаwww.av.gov.mk

Извор: Агенција за вработување