АВРСМ: Обука за стручни квалификации според барање на работодавачите

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки завработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за  мерката  3.2 Обука за стручни квалификации според барање на работодавачите, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и имплементирана во соработка со УНДП, на ден 25.02.2019 година сеобјавува

ЈАВЕН ПОВИК

до

работодавачи

Се повикуваат работодавачите кои имаат потреба да обезбедат квалификувани работници преку обука, да се пријават во Работните клубови на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за учество во оваа мерка.

Обуката ќе ја спроведуваат верификувани спроведувачи на обука , согласно претходно верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните и/или Министерство за образование и наука.

Работодавачот е должен да вработи 50% од лицата што успешно ја завршиле обуката со полно работно време во траење од 6 месеци и за истиот период  да не го намали бројот на вработени лица на неопределено време, освен ако причините за престанокот на работниот однос е по поради  остварување на право на пензија, смрт, неспособност за работа.

Заинтересираните работодавачи за учество во мерката можат да аплицираат до крајот на тековната година (31.12.2019), односно се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.

Правата и обврските помеѓу АВРСМ, УНДП, работодавачите и спроведувачите на обука  ќе бидат уредени со склучување на меѓусебни договори.

Заинтересираните работодавачи можат да поднесат Пријава за учество воЦентрите за вработување, секој работен ден од 09:00 – 14:00 часот.

Детални информации за мерката можат да се добијат во работните клубови на 30 центри за вработување и на контакт телефонот 02-3111-850 лок. 114, како и на веб-страните www.av.gov.mk.

Извор: Агенција за вработување