АВРСМ: Унапредување на работењето преку имплементација на моделот за управување со квалитет КАФ

Агенцијата за вработување на РСМ на ден 14.05.2019 година ја одржа завршната Работилница за приоритизација на моделот за управување со квалитет КАФ.

Реномирани австриски експерти за имплементација на моделот КАФ заедно со претставниците на Агенцијата за вработување ги дефинираа приоритетите на имплементација на моделот кој подразбира самопроценка од страна на вработените според критериуми кои опфаќаат различни области од работата на АВРСМ.

Оваа самооценка дава можност да се добие преглед на сите силни страни и можностите за подобрување на институцијата.  

Работилницата ја отвори директорката на АВРСМ Билјана Јовановска која го истакна своето задоволство од имплементација на моделот кој допринесува за оставарување на примарната цел на институцијата, а тоа е ефикасно и квалитетно опслужување на потребите на невработените лица и работодавачите.

  

-Голема чест за мене како раководно лице на институцијата е тоа што од вкупно 10-те институции во нашата земја кои го имплементираа овој модел АВРСМ беше избрана за институција за која се обезбеди експертска поддршка од Австрија во однос на завршната Работилница за приоритизација.Тоа говори дека сме да добар пат за унапредување на нашето работење.- потенцираше директорката на АВРСМ Јовановска. 

АВРСМ  во периодот од ноември 2018 година до мај 2019 година започна да го имплементира моделот за управување со квалитет КАФ кој овозможува унапредување на својата работа во однос на реализирање на барања за квалитетно планирање, спроведување, контрола и одржливост.  

Моделот КАФ се имплементира во АВРСМ на целосно ниво вклучувајќи ја целата организациска структура.  

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија го имплементира овој модел како дел од проектот на МИОА и ОБСЕ насловен како „Поддршка на државните институции во имплементација на КАФ моделот“.

Извор: Агенција за вработување