ДКСК: Демант на јавно искажани обвинувања кон претседателката на ДКСК

По повод јавно искажаните обвинувања и паушални наводи објавени на независната новинска агенција Макфакс на ден 18.12.2020 година, од страна на поранешниот Претседател на Република Северна Македонија, Ѓорѓе Иванов, кон претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, Државната комисија со индигнација и во целост ги отфрла истите.


Државната комисија за спречување на корупцијата е колективно тело и сите одлуки ги носи на јавна седница со мнозинство гласови, така што целосно е неосновано искажаното сомневање за злоупотреба на нејзината функција.


Државната комисија за спречување на корупцијата на доставеното барањето од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов писмено ќе одговори.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата