ДКСК: Посета на Делегацијата – ко – известители на Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа

Делегацијата – ко – известители на Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, на Република Северна Македонија, пост – мониторинг дијалог со Република Северна Македонија од 28-31 мај 2019 година на ден 30.05.2019 година (четврток) со почеток во 18:15 часот оствари посета која се одржа во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
На состанокот присуствуваа Заменик претседателот на ДКСК Нури Бајрами, членовите на ДКСК Катица Николовска, Софка Пејовска Дојчиновска, Шемши Салаи, Горан Трпеноски и административните службеници Даниела Трајчевска и Кате Здравкоска од Секретаријатот на ДКСК и претставниците на Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, на Република Северна Македонија, во состав на Делегацијата:

  • – г-ѓа Лисе Кристоферсен (Lise Christoferssen), Норвешка, Група на Социјалисти, Демократи и Зелени;
  • – г.Валериу Гилечи (Valeriu Ghiletchi), Молдавија, Група на Европска Народна партија и
  • – г-ѓа Силви Афхолдер (Sylvie Affholder), секретар на Моониторинг комисија на ПС на СЕ.

Претставниците на Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, изразија интерес во однос на начинот на постапување на Државната комисија по оформени предмети, начинот на носење на одлуките на седниците, транспарентноста и постигнатите ефекти во периодот од изборот на сегашниот состав на Државната комисија. 
Состанокот заврши со договор за одржување на комуникација во насока на идна соработка и поддршка.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата