ДКСК: Работен состанок со МОН г-ѓа Мила Царовска

Во просторите на Државната комисија за спречување на корупцијата се одржа тематски работен состанок на кој присутните се осврнаа на областа образование инкорпорирана во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси со акцент на ризичните точки и начините за подобрување и надминување на истите.

На состанокот беше договорено да се интензивира соработката во постапувањето на ДКСК по предмети од областа на спречување на корупцијата и судирот на интереси во образованието.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата