ДКСК: Работна средба со Амбасадорот на Франција г-дин Тимоние

На ден 27.05.2019 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се реализираше средба меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и Амбасадорот на Франција во Скопје Неговата Екселенција г-дин Кристијан Тимоние и г-дин Владо Ралповски Аташе за печат.

Состанокот, беше реализиран заради иницијално запознавање со новиот состав и можна понатамошна соработка и поддршка од страна на Амбасадата на Франција во Скопје.

На состанокот , учесниците се осврнаа на неколку области:

  • – Од страна на Францускиот амбасадор најнапред за ДКСК беше искажана поддршка за нејзината досегашна работа, истакнувајќи притоа дека ЕУ покрај очекувањата од земјата потребно е да се помогне кон остварување на целите
  • – Во непосредна и срдечна комуникација се отвори прашањето за довербата што ДКСК, сега реинкарнирана со новиот ЗСК и новиот состав, ја добива од граѓаните на Република Северна Македонија но, и надежите кој меѓународната заедница ги има кон оваа институција, особено во периодот кој следи,
  • – Се спомена предизвикот што и претстои на ДКСК кон креирање на политичка култура во РСМ и предизвикот кон актуелниот непотизам и креирање на доверба кон граѓаните дека вистински луѓе се поставуваат на вистински места
  • – Се отвори прашањето за капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата, просторни, човечка екипираност и техничка опременост, и напорите околу докомплетирање и доекипирање,
  • – Соработката со другите институции, граѓанскиот сектор, но и со Јавниот обвинител за организиран криминал и корупција во делот на процесирање на поведените кривични постапки,
  • – Фокусот и активностите на Државната комисија за спречување на корупцијата во периодот по нивното назначување: процесот на следење на изборите и финансирањето на политичките партии и изборни кампањи, отворените предмети за непотизам, остварувањето на зголемените надлежности на ДКСК во услови на несоодветен простор и недоволно човечки капацитети,
  • – Залагањето во иднина Државната комисија за спречување на корупцијата да даде посебен фокус на извештаите на ДЗР,
  • – На состанокот се осврнаа и на постапувањето по пријавите од граѓаните, рокот на постапување но и начинот на кој се добиваат, при што се укажа на спремноста, доблеста и храброста  на граѓаните се повеќе претставките да ги доставуваат потпишани,
  • – Проценката на ризици која ќе се спроведе во рамките на изготвувањето на Националната стратегија за борба против корупција и судир на интереси исто така беше тема на разговорот,
  • – Во рамките на средбата се укажа на отворената спремност од страна на Амбасадата на Франција да помогне на начин потребен и соодветен на Државната комисија за спречување на корупцијата: 
    • 1. Експертска поддршката во остварување на надлежностите од Законот за спречување корупција и судирот на интереси
    • 2. Меѓу институционална соработка со сродна институција во Република Франција во насока на размена на искуства и знаења.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата