ДКСК: Резултати од спроведена проценка на ризик од корупција во постапките за вработувања

Државната комисија за спречување на корупција и Транспаренси Интернешнл-Македонија Ве покануваат да бидете дел од настанот на кој ќе бидат објавени резултатите од проектот: „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“, кој ќе се одржи на 24 септември 2020 со почеток во 13:30 часот.

Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.  

Агенда за настанот: ТУКА

Настанот може да се следи на следниот линк  https://us02web.zoom.us/j/87062097582

Овој проект опфаќа анализа на правната и институционална рамка, како и на постапките кои се спроведуваат на основа на регулативата од страна на институциите, а поврзано со вработувањата во јавниот сектор.

Предмет на овoј настан ќе бидат препораките и активностите кои треба да се спроведат од страна на поголем број институции со цел овој проблем да се надмине на системски начин. 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата